Босна и Херцеговина ја потресе веста дека на перонот на Железничката станица во Сараево во утринските часови се самоубила полицајка.
Станува збор за Алмедина Имшировиќ, припадничка на МВР на кантонот Сараево, која покрај професијата беше и успешна ракометарка и член на ЖРК Илиџа, од каде го потврдија нејзиниот идентитет.
– Со голема болка и тага ја известуваме јавноста и пријателите на Клубот дека нашата играчка Алмедина Имшировиќ трагично го загуби животот на дваесет и седумгодишна возраст – рекоа од ЖРК Илиџа.