





Попладнево на локацијата позната како „Тобако“ во скопската населба Аеродром ранет е човек од истрел од огнено оружје, но не се знае од каде и кој пукал.
Тој стоел на улицата и разговарал со вработен во Тобакото и слушнале пукање, по што се пожалил на болка и бил пренесен во болница.






Лекар од Итната медицинска помош констатирал повреда од куршум , по што бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот, информира МВР.



