Недим Османовиќ, синот на Исмет Османовиќ, поранешен пратеник на СДА во Собранието на ФБиХ, бил застрелан во основното училиште Лукавац Град.
Како што пишувавме претходно, децата не се повредени, а пукањето се случило околу осум часот утринава, јавува Српскаинфо.
Медиумите дознаваат дека се работи за поранешен ученик кој поради лошо однесување бил исфрлен од училиштето и префрлен во друго. Познато е дека тој утрово дошол во училиштето со пиштол и барал вработен во училиштето.
Испукал неколку куршуми во него и во моментов лекарите се борат за неговиот живот.
– Тоа е голема трагедија. Насилникот е уапсен, објавија медиумите.