4000 евра во рок од 24 часа да бидат доставени кај командирот дома, или ќе те убиеме заедно со жена ти и децата. Затвореникот Јанко Јаневски тврди дека секојдневно добива вакви закани во затворот во Идризово. Јаневски кој бил поранешен заменик министер за култара и е осуден на 9 годишна затворска казна за злоупотреба и измама, раскажува дека неговата голгота започнала пред два месеци кога од затворено одделение бил префрлен во полуотворено. Зошто бараат пари од него, која е вистинската причина – вели дека не знае.
И заканите не завршиле тука. Потоа според неговото сведочење почнале да му ѕвонат и осудените за Диво Насеље. Ги повикува надлежните веднаш да реагираат.
Алфа се обрати до директорот на затворот „идризово“, Зоран Јовановски кој првчно рече дека не знае што се случува, но дека ќе провери. Потоа повторно го контактиравме, па ни кажа дека веднаш ги повикал затвореникот и командирот на разговор.
Оваа работа не е од сега, трае подолго време. Колку што се информирав станува збор за должничко доверителски однос меѓу нив и лично недоразбирање, вели директорот Јовановски.
Затвореникот Јаневски потврди дека имало средба и дека директот му кажал да не оди преку медиумите, туку да пријави во Обвинителството. Но поради сомнежот дека можеби институциите ќе премолчат или ќе се обидат да го заташкаат случајот, тој решил цела јавност да слушне , за како што вели тортурата од затворскиот командир, а надлежните да ги повика јавно да преземат нешто.
Јаневски од 2018та година ја издржува затворската казна. Како примерен затвореник побарал да биде префрлен во полуотворено одделение, но не се надевал дека токму од тогаш ќе почне да живее во страв за сопствениот живот и животот на неговите деца и сопруга. Јаневски има издржано половина од казната, но живее и со надеж дека со новиот Законот за амнестија кој се најавува, набрзо ќе го напушти затворот жив и здрав.