Поради трагичната смрт на сопственикот Лука Калпиќ, кој синоќа го загуби животот во сообраќајна несреќа во Хрватска, затворени се сите објекти на ланецот за брза храна „Медени“.
Во синоќешната трагедија во Каштела загина познатиот сплитски угостител Лука Калпиќ, сопственик на ланецот за брза храна „Медени“.
Да потсетиме, станува збор за брза храна во Сплит, поточно на улицата Вуковарска кај Институтот за хигиена и во Звончац и Мертојак, како и на улица во центарот на Каштел Стари, на само околу 500 метри од местото каде починал сопственикот Калпиќ.
Сите објекти остануваат затворени до понатамошно известување, а за ова известија од „Медени“ во самите угостителски објекти.