Едина Малагиќ, 15-годишното девојче кое исчезна вчера во Тузла, денеска е пронајдено живо и здраво, информираат од Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла.

Како што изјави Аднана Спречиќ, портпарол на МУП на Тузланскиот кантон, девојката сама се оддалечила од дома.

– Девојчето е пронајдено утрово околу 09:00 часот, живо и здраво, без повреди или траги на насилство, самоиницијативно се оддалечило од дома, а се преземаат дополнителни мерки и дејствија за утврдување на причината за исчезнувањето- изјави Аднана Спречиќ, портпаролка на МУП ТК.