Пронајдено е момчето Игор (5) кое денеска исчезна на плажа во грчкиот град Неа Флогита.

– Момчето е пронајдено. Со родителите сме на плажа – се наведува во објавата, заедно со заедничка фотографија од момчето со семејството.

Како што објави денеска „Блиц“, апелот за неговото исчезнување е споделен на Фејсбук групата „Грчка инфо“.

– Изгубено е дете, во Неа Флогита. Се вика Игор, во близина на плажата Брискет – се наведуваше во апелот.