Лавот кој побегнал од циркус во Ладисполи, град недалеку од Рим, бил фатен вечерва, заспан и безбеден, објави агенцијата АНСА.

По бегството, лавот долго талкал низ некои улици во градот, а бил снимен од многу луѓе кои го забележале од своите домови или автомобили. За негово фаќање бил формиран логистички команден центар и мобилизирана полиција и пожарникари, како и интервенција на ветеринари со куршуми за анестезија.