Поранешен член на преизидумот на политичката партија Левица, Здравко Савески утрово на социјалните мрежи соопшти тажна вест.

– Сакам да ги информирам сите што го знаеја и го сакаат Тео дека тој почина пред неколку дена во несреќен случај во Црна Гора. Неговата вина беше што до самиот крај остана неприлагоден на суровиот капитализам. Кој му наложува на работниците, заради егзистенција, беспоговорно да прифаќаат наемно ропство и беспоговорно да слушаат секаква матарка зашто матарката има пари. Тео никако не можеше да се прилагоди на тоа, напиша Савески.

Тео заминал во Хрватска, вели Савески, убеден дека проблемите на капитализмот се проблеми само во Македонија и за жал, со кобни последици, се увери дека и таму било исто како и овде.

– Загубивме добар другар!, вели Савески и на прашање каков несреќен случај, тој додава:

– Влегол да се капи, но веројатно бидејќи бил истоштен и гладен, не успеал да се справи со морето и се удавил. Суров капитализам. Во тој момент немал скршена пара со себе.