Зеленски: Русија го отфрли предлогот за прекин на огнот за Велигден
– Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Русија го отфрлила предлогот за прекин на огнот за време на велигденските празници, но додаде дека тој сè уште има надеж за мир.
Тој исто така ја обвини Русија дека планира да фалсификува референдум за независност во окупираните јужни региони Херсон и Запорожје.
Зеленски ги повика жителите на тие области под руска окупација да не им даваат на руските сили какви било лични информации, како што се броевите на пасошите.
Украинската армија тврди дека руските сили продолжуваат со блокадата на Харков
– Руските сили ја продолжија делумната блокада на Харков, соопшти денеска украинската армија.
Руски единици се обидувале да се пробијат јужно од градот Изјум во областа Харков за да опколат група украински сили во регионот на Донбас, стои во дневниот брифинг на украинската армија.
Украина исто така вчера одбила 10 напади во регионите Доњецк и Луганск, а информира и дека во последните 24 часа соборила 15 руски авиони.
Според соопштението, во сите источни делови на фронтот, руските трупи во изминатите 24 часа ги засилиле нападите.
Информациите не можат да се потврдат од независни извори.