Бразил го погоди разорен земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот се случи во северозападниот дел на земјата, во областа Амазонија, на длабочина од 611 километри.

Земјотресот беше почувствуван многу силно во Перу и на северот на Боливија.

Инаку, земјотресот се случи во граничната област на планинскиот венец Андите и најголемата прашума во светот – Амазонија.