Земјотрес со јачина од 2,5 степени според европската сеизмичка скала утрово во нешто после девет часот, се случи во близина на Студеничани и Драчево.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, и бил почувствуван во Скопје и околината.

Во последните три дена серија на земјотреси беа почувствувани во околината на Битола. Епицентрите беа во соседна Грција, во близина на Лерин. Најсилниот 5,6 степени придонесе за пукнатини на ѕидовите и материјални штети.