Од Кантоналната болница „др. Сафет Мујиќ“ за порталот „Аваз“ потврдија дека починала девојката Е.С.(1994) која била донесено од Столац во тешка состојба.

И покрај напорите на лекарите и долгата реанимација, девојчето им подлегнало на повредите.

Нејзините родители биле полесно повредени. Огромна карпа паднала врз нивната куќа во населбата Кукавац.

Од Здравствениот дом во Столац велат дека имаат голем број граѓани со напад на паника.