На 15.12.2021 во СВР Битола било пријавено дека на интерното одделение во Клиничка болница Битола со возило на итна медицинска помош Битола била донесена В.М.(48) од Битола.

Набргу по укажаната лекарска помош таа починала.

Увид извршила увидната екипа на СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител врз телото на починатата ќе се изврши обдукција.