Охриѓанка вчера била пронајдена почината во својот дом. Случајот во полиција бил пријавен околу 10:40 часот утрината.

На 03.02.2022 во 10.37 часот во СВР Охрид пријавено e дека во домот на ул.„Александар Турунџев” била пронајдена почината З.Т.(72) од Охрид.

Лекар од Итна медицинска помош константирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата e дадено на обдукција.