Со своето совршено тело и прекрасно лице, тој ги освои жените ширум светот.

Освен нивните атлетски способности, одредени спортисти се многу популарни, и поради нивниот успех и поради нивниот изглед и атлетска градба. Тие имаат пониски професионални успеси, а нивниот изглед плени со харизма и убавина, така што често можеме да слушаме воздишки и коментари дека тие се „навистина убави“, „изгледаат одлично“, „Аполонци“… Во странските медиуми, некои олимпијци имаат веќе добиено статус на многу привлечни личности, меѓу нив доминира едно име.

Се разбира, станува збор за познатиот американски пливач Калеб Дреслер. Го нарекуваат „најдобар спортист по Мајкл Фелпс“. Тој е повеќекратен олимписки победник и светски рекордер, тој веќе освои злато во Токио. 24-годишниот спортист не ужива да биде во центарот на вниманието надвор од базенот, пишуваат медиумите.

И колку што жените воздивнуваат за неговиот изглед, сепак неговата љубов е насочена кон неговата сопруга Меган, која ја познава уште од средно училиште.

Тетоважите на неговото тело имаат посебно значење: „Имам мечки, портокали, цвеќиња од магнолија. Многу од нив се посветени на Флорида“, рече тој во една прилика.

Интересно, но пливањето не му беше прва љубов. Во едно интервју, тој призна дека тоа е фудбалот и дека „сè уште е“.

Тој се смета за многу сентиментална личност.

Имено, тој ја чува шамијата што ја доби од својот учител по математика во средно училиште, за што верува дека многу влијаела на неговиот живот:

„Овој детаљ ми беше близок на секоја трка и ќе остане така сè додека не ја завршам кариерата“.