По успешното завршување на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, Јелена Карлеуша се врати со настапи и го одржа својот прв концерт на почетокот на месецот во Македонија.

Патувањето во Охрид, Јелена го овековечи со слики и снимки од приватен авион, а по овој настап нејзините страници на Инстаграм беа преплавени со снимки и слики од перформансот, кои сега иронично ги коментира нејзиниот колега Аца Лукас.

– Слушнав дека публиката на Карлеуша го почитувала растојанието од 2 метри за време на целиот перформанс во Македонија. Знам дека мерките се укинати, но можете да видите како нејзината публика ги почитува. Шала на страна, би сакал сите да работат, но очигледно е дека работат само оние што го заслужуваат тоа, вели Аца Лукас алудирајќи на фактот дека нејзиниот настап во Охрид не бил посетен.

Останува да видиме дали Јелена ќе одговори на ваквата провокација.