Шеснаесетгодишно девојче од Подгорица починало денеска околу пладне во центарот за ковид во Толоши, дознава црногорски Вијести.

Здравствениот дом Подгорица официјално соопштил дека „малолетниот пациент на кој му се слошило на пат кон детскиот центар за КОВИД во Толоши ненадејно починал во нашата установа и покрај напорите на лекарите, медицинскиот персонал и тимот на Брзата помош кои заедно работеа на реанимација“.

Здравствениот дом Подгорица за се` веднаш ја известил полицијата, а Брзата помош предложила обдукција.

Според неофицијални информации, девојчето на 21 октомври се пријавило во Здравствен дом, каде дежурниот педијатар рекол дека имала температура и општа слабост. Наодите за белите дробови и срцето, пишува Новости, биле во ред. Тестот за корона на 22 октомври бил позитивен, а девојчето со терапија било испратено на домашно лекување.

Утрово поради високата температура и слабост нејзините родители самоиницијативно ја однеле во центарот за КОВИД.

“По пат и се слошило. Медицинската сестра која ја направила тријажата веднаш ја забележала, а дежурниот лекар го прекинал прегледот за да и помогне на девојчето. Почнал е реанимација, а известена е Брзата помош и Заводот за детски болести. Сепак, и покрај напорите на докторот, девојчето починало“, тврдат извори на „Вијести“.