Во хрватската општина Свети Иван Жабно која се наоѓа во округот Копривница-Крижевци, при рушење на дворен објект бетонска покривна плоча паднала врз 23-годишно момче и го усмртила на лице место, јавуваат хрватските медиуми.

Трагичната несреќа се случила во текот на вчерашниот ден околу 11 часот, кога при рушење на дворен објект, бетонската плоча паднала врз момчето, чиј живот згаснал.

– Телото е пренесено во Патолошкото одделение при Општата болница Бјеловар каде ќе се врши обдукција, соопштија од Полициската управа Копривница-Крижевци.

Полицијата ќе поднесат извештај до надлежното државно правобранителство.