За една недела две лица починаа – 20 годишна девојка од Скопје, како и 36 годишен пациент од Демир Хисар, со што досега се регистрирани седум смртни случаи од оваа заразна болест од почетокот на сезоната на грип.

„Кај починатите лица е утврдено присуство на коморбидитети – хематолошки, кардиоваскуларни, обезитас и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип“, велат од ИЈЗ.

Најавите се дека пикот на заразени со грип ќе биде постигнат на крајот на февруари.