Пејачот Жељко Самарџиќ преку својот Инстаграм профил објави дека почина музичкиот продуцент Александар Хари Радушевиќ.

Жељко сподели објава со која се збогува со него, посочувајќи дека Радушевиќ е еден од најдобрите во музичката продукција во поранешна Југославија.

Loading...

– Со твоето заминување, музичката продукција останува без еден од најдобрите на нашите простори – започна Жељко, а потоа продолжи:

– Беше чест и привилегија да работам со тебе драг наш Ацика. Вечна ти слава и почивај во мир драг пријателе. Александар Аца Хари Радушевиќ.

Под објавата на пејачот веднаш почнаа да се појавуваат пораки од неговите колеги кои не ја криеја тагата поради смртта на колегата.