Жена (35) која исчезна на 21 декември минатата година во Минстерланд во Северна Рајна Вестфалија, беше пронајдена мртва во вторник, на 9 јануари.
Телото на 35-годишна жена е пронајдено во вторник завиткано во сина пластична вреќа во шумска област во Гешер во близина на границата со Холандија, соопштија во средата полицијата и државното обвинителство во Минстер.
Обдукцијата ќе ја утврди причината за смртта, но истражителите веруваат дека жената починала од насилна смрт. 42-годишниот сопруг на жената, кој е со авганистанско потекло е привремено уапсен.
Според високиот јавен обвинител Мартин Ботценхард, Авганистанецот се уште не ги коментирал обвиненијата. Жената била барана со недели. При претресот полицијата ја објави нејзината фотографија и возилото.