Вирално видео кое кружи на мрежите згрозило многу корисници, а причина за тоа е младоженецот кој арогантно ѝ залепил торта на лицето на младата жена и ѝ ја уништил венчаницата.
На многу свадби, невестата и младоженецот меѓусебно се хранат со свадбена торта, но понекогаш оваа ситуација може да излезе од контрола. Еден таков пример е видеото кое кружи на социјалните мрежи, а на кое младоженецот за време на свадбата ја турка главата на невестата во тортата.
Имено, додека парот ја сечел свадбената торта, фотографите и гостите се обидувале да го овековечат секој момент, а изгледа дека „урнебесната“ идеја на младоженецот направила вистински хаос во јавноста.
Гостите сакајќи да снимат романтичен момент го овековечиле неговото насилно мачкање на невестата со торта. Венчаницата, шминката, фризурата, сè било измачкано со торта, а младоженецот гласно се смеел на тоа.
Меѓутоа, и по овој испад, невестата останала совршено мирна и не направила сцена, како што многумина очекувале. Таа му се насмевнала иако „евидентно било дека е прилично лута“.
instant divorce pic.twitter.com/B96n0aqB99
— non aesthetic things (@PicturesFoIder) September 14, 2024
Во коментарите повеќето пишувале дека ова е првиот аларм дека во него се крие агресивна личност и дека треба да побара документи за развод. Повеќе од 5.000 коментари го разгореле интернетот, а многумина биле згрозени од оваа непријатна сцена.
„Таа нема добро да се забавува на нејзиниот меден месец“, „Никогаш нема да разберам како ова е забавно некому. Па, чекајте луѓе, таа се подготвува за ова цел ден“, „Ова е огромно непочитување“, биле само дел од коментарите.