До понеделник наутро нема излегување од домовите за жителите од украинскиот главен град Киев. На жителите на Киев им е забрането да ги напуштаат своите домови до понеделник до 8 часот наутро.
Попладнево беа затворени и сите станици на метрото во Киев.
Кулминира битката за Киев
Трета ноќ по ред продолжи гранатирањето на главниот украински град Киев. Експлозии се регистрирани утринава во Киев, по неколкудневни тешки борби на периферијата додека руските трупи напредуваа кон градот. Истрели има и во близина на центарот на градот. Украинските власти известија за одреден успех во одбраната на нападите, но борбите продолжија во близина на Киев. Градоначалникот го продолжи полицискиот час – ќе почнува од 17 часот до 8 изутрина.
– СЕГА ВО КИЕВ ДЕЈСТВУВААТ СУБВЕРЗИВНИ ГРУПИ, ИМАШЕ НЕКОЛКУ СУДИРИ, ПРЕСТРЕЛКИ. ДО 6 ЧАСОТ НАУТРО СЕ РАНЕТИ 35 ЛИЦА, МЕЃУ КОИ И ДВЕ ДЕЦА. ГИ МОЛАМ СИТЕ ДА ОСТАНАТ СМИРЕНИ И ДА ОСТАНАТ ВО ЗАСОЛНИШТА. НЕПРИЈАТЕЛОТ ЌЕ НАПАДНЕ ОД ВОЗДУХ, ИЗЈАВИ ВИТАЛИЈ КЛИЧКО, ГРАДОНАЧАЛНИК НА КИЕВ.
\
Претседателот Зеленски утринава со ново видео снимено од неговиот мобилен телефон, им порача на Украинците дека не си заминува од државата и не го положуваат оружјето. Зеленски се обраќа на речиси секој час. Во најновото драматично обраќање рече дека сега се решава судбината на Украина.
– АРМИЈАТА ГО КОНТРОЛИРА КИЕВ И КЛУЧНИТЕ ТОЧКИ НА ГРАДОТ. САКАА ДА ГО БЛОКИРААТ ЦЕНТАРОТ НА НАШАТА ДРЖАВА И ДА ГИ НАСЕЛАТ НИВНИТЕ МАРИОНЕТИ ОВДЕ, КАКО ШТО НАПРАВИЈА ВО ДОЊЕЦК. ГИ ПРЕКРШИВМЕ НИВНИТЕ ПЛАНОВИ. ТИЕ НЕМААТ НИКАКВА ПРЕДНОСТ. НА НАШИТЕ УЛИЦИ, ВО КИЕВ, ВО ВАСИЛКОВ, ВО ВИШХОРОД, ДУРИ И ВО СЕЛАТА, ВИСТИНСКАТА БОРБА ЗА КИЕВ Е ВО ТЕК. НЕПРИЈАТЕЛОТ УПОТРЕБИ СÈ ПРОТИВ НАС: ПРОЕКТИЛИ, БОРБЕНИ АВИОНИ, БЕСПИЛОТНИ ЛЕТАЛА, АРТИЛЕРИЈА, ОКЛОПНИ ВОЗИЛА, ДИВЕРЗАНТСКИ ГРУПИ, ПАДОБРАНЦИ, РЕЧЕ ЗЕЛЕНСКИ.
Жителите на Киев се во скривниците и подземната железница. На секој час се слушаат сирените. На улиците горат полициски автомобили, но руски проектил погоди и една станбена зграда. Целосно се уништени два ката. Жртви нема затоа што голем дел од станарите биле во засолништата, но оние кои останаа беа евакуирани.
Зеленски обвини дека руската војска веќе не бира цели и удира и по цивилни објекти, што руската страна го демантира.
– ДОЗВОЛЕТЕ МИ УШТЕ ЕДНАШ ДА НАГЛАСАМ ДЕКА МЕТА СЕ САМО ИНФРАСТРУКТУРНИТЕ ЛОКАЦИИ НА УКРАИНСКИТЕ ВООРУЖЕНИ СИЛИ, ИСКЛУЧУВАЈЌИ ЈА МОЖНОСТА ЗА ОШТЕТУВАЊЕ НА СТАНБЕНАТА И СОЦИЈАЛНАТА ИНФРАСТРУКТУРА, ИЗЈАВИ ИГОР КОНАШЕНКОВ, ПОРТПАРОЛ НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА РУСИЈА
За 48 часа загинале речиси 198-те украинци меѓу нив три деца, повредени се 1115, меѓу нив 33 деца. Украинската војска тврди за загнати 3500- тини руски војници, а над 200-те се заробени. Од руската страна се уште нема бројка на загинати Руски војници. Јавуваат за уништени 821 воени објекти во Украина. Сепак, бројките за претрпени загуби во човечки животи варираат и се уште е тешко независно да се потврдат.
Киев се уште е во фокусот, но битки се водат и на југот од земјата. Јужниот град Мелитопол во украинското Запорожје е првиот важен центар кој е заземен од руската војска, според нивните тврдења. Овој град е раскрсница и важно стратешко место преку кое руските единици може да се префрлаат и кон пристаништето Одеса и кон областите Доњецк и Луганск.
Русија, како и што се очекуваше, стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН против нападот на Москва на Украина. Директни санкции кон Путин и неговиот прв дипломат Лавров воведоа и Америка и Канада придружувајќи им се на ЕУ и Велика Британија. Во одбрана се јави поранешниот руски претседател и премиер Дмитриј Медведев, кој рече дека санкциите не значат ништо, операциите ќе продолжат се додека не се исполнат целите што ги определи рускиот претседател.