„Не верувам во Бог. Кога брат ми умираше од леукемија, каде беше? Се молите секој ден, му благодарите секој ден, но каде е тој во такви моменти?”. Ова го изјави поранешната ѕвезда на европскиот фудбал Златан Ибрахимовиќ во интервју за американското издание „Атлетик“.
Ибрахимовиќ моментално е спортски директор на италијанскиот клуб Милан каде ја заврши професионалната кариера.
„Само јас можам да си судам на себеси. Во мојот свет секој е свој бог. Јас верувам во тоа”, додаде Ибрахимовиќ на оваа тема.
Поранешниот шведски репрезентативец призна дека никогаш немал планови да стане тренер и улогата на директор повеќе му одговара.
„Веќе имам неколку побелени влакна, замислувам колку би ги имало кога би бил тренер. Тренерот работи 12 часа на ден и нема слободно време. Не можев да го сторам тоа. Мојата сегашна улога е да да ги поврземе сите сектори во клубот и да бидеме лидер, да се погрижиме сите структури во организацијата да работат добро“, објасни Ибрахимовиќ, чиј син игра за младинскиот тим на Милан.