По завршувањето на кариерата, Златан Ибрахимовиќ (41) ужива во активностите за кои немаше многу време во играчките денови, а шведскиот напаѓач на Инстаграм се пофали со својот импресивен улов додека лови риба. Ибра поседува вила во близина на планината Коперхил каде што сака да ги поминува своите периоди на релаксација ловејќи, со риболов и возење со моторни санки.
Златан овој пат решил да оди на риболов со своите пријатели, а судејќи по фотографиите, риболовот поминал исклучително успешно со оглед на тоа што уловил огромна риба. Ибрахимовиќ на крајот ја врати рибата во езерото, што го објави на своето стори на Инстаграм.
Со оглед на тоа што во Шведска има одлична ловечка култура, длабоко вкоренета во населението и прифатена од општеството, воопшто не е чудно што шведскиот играч има голема наклонетост кон ловот и риболовот.
Да потсетиме, Ибрахимовиќ се прости од фудбалот по последниот натпревар од минатата сезона во италијанската Серија А помеѓу Милан и Верона.
Ибрахимовиќ во својата кариера настапуваше за неколку врвни европски клубови, а се одлучи и за американска авантура со ЛА Галакси. Во целата своја кариера одигра 827 натпревари на кои 496 пати ја погоди мрежата и асистираше 204 пати.