Амина Зјакиќ од Бугојно (БиХ) за жал не успеа во борбата со злобната болест која нагло ја прекина нејзината младост.

– Многу е тешко да се најдат вистинските зборови, но со тага ве известуваме дека преубавата, 20-годишната Амина Зјакиќ од Бугојно ја загуби битката со тешката болест, изјавија од здружението „Помогни“ кое во април започна хуманитарна кампања за собирање помош за оваа млада девојка.

Но, и покрај брзата реакција на јавноста ширум БиХ и дијаспората и тоа што средствата за нејзиното лекување беа собрани во рекордно време, Амина за жал ја загуби борбата против порочната болест.

Амина се разболе во август 2023 година, веднаш откако влезе на колеџ и се радуваше на новото животно поглавје. Сепак, нејзината младост, соништа и планови беа уништени од тешка болест, тумор на ‘рбетниот мозок.