Зоран Василевски попознат како Зоки Фаци замина на лекување во Истанбул, каде што води битка со тешката болест откако му беше дијагностициран карцином. Денеска, 31-ви агуст на Василевски му е роденден, а тој синоќа преку социјалните мрежи објави порака и фотографија.

– Нека ми е среќен 1-виот роденден, во еден нов почеток. Во животот навлегов со крената глава, по патот сретнав многу луѓе, но човечност им недостасуваше. Овој роденден ви го посветувам на сите вам илјадници километри далеку од мојот дом, но со полно срце љубов од сите вас, напиша Василевски.

Претходно, во текот на вчерашниот ден, неговиот пријател Стефан Лазаров објави дека а жал ситуацијата со Зоки е влошена и дека новите резултати покажуваат дека туморот е поголем од 30 сантиметри и метастазирал на коски.

– За жал ситуацијата со Зоки е влошена и овие 3-4 дена се потрошија и повеќе пари во Турција од тоа што очекувавме. Операцијата сеуште не е направена бидејќи новите резултати покажуваат дека туморот е поголем од 30cm и метастазирал на коски. Но, докторите велат дека ќе се спаси и Зочко мора да биде силен… Да се молиме за него и да го поддржиме во најтешките моменти🙏, порача Лазаров.