Естрадниот новинар Зоран Василевски почна со хемотерапиите откако неодамна ѝ соопшти на јавноста дека повторно се бори со канцер.
Во новиот поткаст со јутјуберот Стефан Лазаров тој се појави видно ослабен. За само две недели од 90 се симнал на 78 килограми, признава дека му е исклучително тешко, но дека во оваа борба мора да биде силен.
Кога Лазаров го праша дали се плаши, тој го даде следниот одговор:
„Не се плашам јас од смртта. Се плашам да не залегнам, да не сум во пелени, па да ме бањаат.. Знаеш, тоа го мразам. Вчера после долго време му викам на внук ми Виктор да ме однесе да си купам нешто гардероба. И сега сум број S“, вели Василевски.
Зоки Фаци редовно споделува инормации за неговата здравствена состојба со неговите над 50к следбеници на „Инстаграм“.
„Ме чека една голема борба и навистина без вас не би можел да успеам. Ми значи секоја ваша порака во инбокс, ми значи вашата поддршка, поддршката на моите блиски“, изјави тој неодамна.