Хрватската Фејсбук страница „Akvarij Piran“ со своите следбеници ја сподели веста која многу капачи веќе ја забележаа.
„Во морето овие денови може да се видат малку розови облаци од ситни игли, бидејќи ситните планктонски полжави „крезеи“ повторно се размножија. Затоа, ако чувствувате мало печење и чешање додека пливате, нивните иглести лушпи од 1 см. се виновни“, пишуваат тие на страницата на Слободна Далмација со фотографија од овие организми под микроскоп.
Во Националниот институт за биологија во Словенија напишаа дека се работи за организми кои ја сакаат топлината, а струите од јужните делови на Јадранското Море ги носат во нашиот регион.
Дали треба да бидеме загрижени? Тие не се опасни за капачите, поради својата форма понекогаш можат да пецкаат, а често се гледаат и заглавени во костими за капење“, пишуваат од споменатиот институт, пишува Слободна Далмација.