– Она што знаеме дека се уште е во полициска истрага и нема никаква пријава пристигнато до Јавното обвинителство. Тоа е она што ни го потврдија од Јавното обвинителство, објави Телевизија Канал 5 во своето најново издание на вестите во врска со информациите кои денеска ги соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а според кои уапсени се пет лица во истрагата за исчезнатото девојче Вања Ѓорчевска (14).
Канал 5 денеска разговараше и со поранешниот полициски началник Љубомир Ѓурчевски, кој вели дека состојбата е многу загрижувачка. Истрагата, спроед него, треба да продолжи во проавец и на места, како и со луѓе кои биле посетувани, контактирани во истрагата, повторно да се проверуваат.
– Треба перманентно да се проверува на терен, нејзини контакти со лица, со наставници, со школо, со другари, другарки, други места каде што одела. Да се повторуваат сите опние дејствија кои што се земени, вели Ѓурчевски.
Останува непознато каде завршил мобилниот телефон на исчезнатата Вања Ѓорчевска и зошто на волку современи телфони не може да се најде телефонот на девојчето. Запрашан и за ова, односно како може да се лоцира еден телефон, Ѓурчевски во изјавата на Канал 5 вели:
– Само ако е на сува површина и на отворен простор, нека е и во одредена длабина до каде што има сигнал, до каде што пробиваат оние системи, може да се лоцира. Само да не е во водена површина, затоа што во водена површина не може да се лоцира, барем тоа досега беше, сега техниката оди напред.