Вообичаената сцена – освојувачите на олимписки медали, особено златни, не можат да одолеат без да гризнат.

Симпатичните фотографии од гризењето на медалите, кои овие денови се секојдневна глетка низ медиумите и социјалните мрежи, доведоа до официјалната позиција на организацискиот комитет на Игрите во Токио. Во нивни стил, Јапонците им го кажаа следново на спортистите:

– Сакаме официјално да потврдиме дека медалите не се јадат. Тие се направени од рециклирани материјали од електронски уреди донирани од граѓани. Затоа не гризете ги… иако знаеме дека пај ќе го правите тоа, гласи необичниот твит од официјалниот поригк на Олимписките игри во Јапонија.

Традиционалната гризење на медалите е всушност стар начин за проверка дали некој предмет е навистина направен од тој материјал, бидејќи златото е релативно меко и остануваат траги на него. Медалите кои ги освојуваат спортистите, меѓу кои и нашиот Дејан Георгиевски кој освои сребрен медал во Токио, претежно содржат материјали од мобилни телефони.

За да се направат 5.000 рециклирани медали, потребно беше да се соберат дури 78 тони стари електронски уреди. Од нив беа извлечени околу 71 килограм злато, 7.700 килограми сребро и 4.850 килограми бронза.

Спецификација на медалите

Златен медал: Дијаметар: 85 мм, Тежина: 556 g, Состав: 6 грама злато, 550 гр сребро.

Сребрен медал: Дијаметар: 85 мм, Тежина: 550 гр, Состав: 550 гр сребро.

Бронзен медал: Дијаметар: 85 мм, Тежина: 450 гр, Состав: 400 гр бакар, 50 гр цинк.