Ана Лоренци, 20-годишна девојка од Верона, се удавила вчера во езерото Гарда на северот на Италија додека се обидувала да го спаси својот 14-годишен брат, пишува италијанската агенција Анса.
Трагедијата се случила во градот Корно. Ана, 14-годишниот брат и 17-годишната сестра ги однела струјата на околу 30 метри од брегот, од каде што ги набљудувал нивниот татко.
Братот се изморил од пливањето и почнал тешко да дише, а Ана која се обидела да му помогне. Се удавила.
Две млади момчиња потоа скокнале во езерото и го извлекле 14-годишното момче на брегот. Подоцна, телото на Ана било пронајдено.