Не стивнуваат реакциите во јавноста по скандалозната реакција на Австриецот со српско потекло Марко Арнаутовиќ, кој вчера по постигнатиот трет гол за Австријците во победата против Македонија со 3:1, се нафрли со пцовки кон еден македонски фудбалер, најверојатно Езгијан Алиоски.

Дури и медиумите од регионот пишуваат за овој потег на Арнаутовиќ. Хрватски 24 Сата потегот на Арнаутовиќ го окарактеризира како скандалозен, но во текстот посебно привлекува еден пасус кој се однесува на потеклото на австрискиот фудбалер.

Имено, хрватскиот портал пишува дека презимето на Арнаутовиќ е од турско потекло и во превод значи Албанец.

-Ќе ти е*ам мајката ши*тарска, се дереше Арнаутовиќ кон еден од Македонците, на кого од некоја, засега непозната причина, му замерил, пишува 24 сата и додава:

Инаку, презимето Арнаутовиќ е од турско потекло и значи, верувале или не- Албанец.