Загубивме од Австрија, но го „освоивме“ Букурешт на наш начин, со навивачите, тие кои секогаш се со Македонија.
Попладнево на Арената во Букурешт фановите уште еднаш, по којзнае кој пат покажаа како се навива за своите миленици, како се навива за Македонија.
Не престанаа во сите 90.минути да навиваат, да ги бодрат Пандев и другарите.
На трибините тоа беше буквално МАКЕДОНСКА УБАВИНА.
Имаше што да се види…на крајот немаше тага, имаше верба дека на следниот меч ќе биде подобро.