МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ АВГУСТ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС

СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ АВГУСТ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС

Ако не сте вакцинирани, а седите во угостителски објект или сте на концерт, ќе бидете казнети 250 евра. Сите угостителски објекти пак, кои нема да ги почитуваат владините мерки ќе добијат казна од 2.500 до 30 илјади евра, а казни ќе има и за одговорното лице на објектот од 1.500 евра.

Од Државниот пазарен инспекторат велат дека тие не може да ги казнуваат граѓаните бидејќи тоа е работа на МВР, но неимунизираните гости ќе одговараат кривично за постапување спротивно од законот за заштита на населението од заразни болести.

Според новите мерки кои ќе важат од 16 август, секој што сака да посетува угостителски објект треба да има потврда за вкцинција. Ова важи доколку во објектот има над 30 гости. До 30 гости во моментов не важи оваа мерка. Ако бројот на гостите е под 30 угостителскиот објект нема обврска да има редарска служба.

Засега угостителите немаат прецизни директиви како ќе ја организираат редарската служба, а истовремено Државниот пазарен инспекторат нема овластувања да бара вакви податоци од гостите во објектите и на самите настани. Од НУК бараат да се укинат овие мерки, во спротивно подготвени се да излезат на улица. Протест веќе има организирано против „Дискриминација на невакцинираните” што ќе се одржи в недела во 19 часот.