28-годишната Кадеја Мишел Браун е уапсена во Мисисипи (САД) и е обвинета за убиство на нејзиниот 28-годишен сопруг Џереми Браун. Според полицијата, убиството се случило во нивниот дом во саботата наутро (25/3), а во живо на Фејсбук го пренесувала 28-годишната.

На видеото првично се гледа како парот се расправа и жената му вели на сопругот дека тој никогаш не е дома за да и помогне со децата – наводно имале четири деца.

Во еден момент, тој бара од жената да го остави на мира додека зборува на мобилен, а таа му вели „Ќе те убијам“. Веднаш потоа се слуша истрел и жената како вреска „Не сакам да одам во затвор“.

На снимката понатаму дно од децата се слуша како вели „Го сакам татко ми“, а жената одговара „твојот татко е мртов“. На истата снимка се слуша како жената тврди дека „пиштолот сам пукнал“ и дека „не знаела дека има куршум во него“.

Според Фејсбук профилот на жртвата, парот ја прославил годишнината од бракот на почетокот на март.