Српската полиција попладнево го уапси Урош Пашајлиќ кој е обвинет дека со години ја држел затворена ќерката во станот. Тој е обвинет и за насилство врз неговата вонбрачна сопруга, која го открила ужасот што се случува зад вратата од станот на Мириево.
– Уапсен е во стан во Карабурма. Се криел кај пријател кој е познат и по своето проблематично однесување – вели изворот на Блиц.
Да потсетиме, грозоморниот случај на злоупотреба на детето беше откриен кога белграѓанка И.Л., пријавила во полициската станица Палилула дека нејзиниот сопруг Пашајлиќ брутално ја претепал, а нејзината ќерка долго време ја држел како робинка.
Жената имала видливи повреди, а според првите информации изјавила дека невенчаниот сопруг ја удрил со глава во носот и дека се здобила со скршеница.
– Рече дека ја удрил со глава во главата и дека мисли дека и го скршил носот. Тогаш рекла и дека со години ја држел неговата осумгодишна ќерка затворена во стан на Звездара. Според И.Л, осомничениот ја имал ќерката од брак со друга жена – вели изворот на „Блиц“.