Н.Л.Т. (29), државјанка на Јужна Африка, е уапсена под сомнение дека утрово ја убила мајка си во Пераст, Црна Гора.

Полициската управа (УП) соопшти дека медицинскиот персонал од Здравствениот дом во Котор пријавил во полиција дека во станбена зграда во Пераст било пронајдено безживотно тело на жена, и дека таму се наоѓа нејзината ќерка Н.Л.Т.

„Полицијата излегла на местото на настанот каде е утврден идентитетот на починатата, а преземени се мерки и дејствија за утврдување на фактите и околностите под кои починало лицето“, се посочува во соопштението на УП.

Од УП додаваат дека увид на лице место е извршена во присуство на обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, како и службеник од Центарот за судска медицина.

„По преземени сеопфатни истражни дејствија, припадниците на полицијата дошле до сомнение дека сторител на ова кривично дело е Н.Л.Т., при што е лишена од слобода. Со кривична пријава ќе биде спроведена кај в.д. обвинител при Вишото државно обвинителство во Подгорица за понатамошна надлежност“, се заклучува во соопштението.