На трагичен начин вчера заврши животот на 29-годишната Аранка А., кога со нож ја убил сопругот Жозеф. Ф (36) во Нови Сад, кој потоа се обидел да се самоубие. На оваа трагедија, како што дознава „Блиц“, и претходела разделба на партнерите, а вчера се сретнале за да се обидат да се помират.

За тоа сведочат објавите кои осомничениот маж ги објави на социјалните мрежи. Како што се гледа, тој ден пред трагедијата, во петокот на 19 април, поставил објави со фотографии од Аранка, дури 33 објави во тој еден ден. Последна меѓу нив е серија од 69 фотографии, од кои на неколку се нивните три ќерки.

На сето ова му претходеа низа видеа кои Жозеф ги емитуваше во живо на кои најчесто се гледа со ќерките, додека на последното едната плаче.

Соседите на местото на трагедијата сведочат дека двојката се скарала само десет дена пред овој настан, а за среќа нивните деца не биле присутни на вчерашните сцени бидејќи престојувале кај нивната баба од страна на таткото во новосадската населба Бангладеш.

Тоа го поткрепува и тоа што на почетокот на месецот, поточно на 6 април, покојната Аранка објави коментари во вид на бакнежи на заедничките фотографии објавени од нејзиниот сопруг.

Да потсетиме, како што претходно објави „Блиц“, мажот шест пати ја избодел Аранка пред очите на нејзината сестра, која неуспешно се обидела да ја одбрани од нападот.

Соседите за „Блиц“ велат дека мажот и жената често се расправале, а пред десетина дена раскинале. Како што изјави претходно портпаролот на Итната помош, д-р Зоран Круљ, нивната екипа интервенирала во 14 часот и 46 минути.

– На лице место е пронајдена жена со повеќе повреди по телото, која починала, додека маж се обидел да се самоубие со ладно оружје и е пренесен во центарот за реанимација на Ургентниот центар на КЦВ – изјави д-р Круљ за „Блиц“.