Од Босна и Херцеговина пристигнува трагична вест за прераната смрт на поранешниот фудбалер на Сараево и Тузла Сити, Нермин Црнкиќ, кој почина на 30-годишна возраст.

Според пишувањата на медиумите, Црнкиќ прво бил примен во болница од каде бил пуштен, но неговата состојба нагло се влошила. Според Sportsport.ba, Црнкиќ починал во својот стан во САД, каде што живеел.

Според првичните информации, причина за неговата смрт биле проблеми со срцето. Нермин Црнкиќ ја изгради својата фудбалска кариера и во Соединетите Американски Држави, каде што играше за Мичиген Бакс. Во својата кариера помина низ различни клубови меѓу кои Јаблонец, Знојмо и Слован Братислава.

Тој остави посебен белег во дресот на ФК Сараево, пред да премине во тимот на Тузла Сити. Претходно играше и во редовите на германскиот нисколигаш Рот Веиф Ерфурт.