Посмртните останки на легендарниот фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ беа ексхумирани и пренесени од местото каде што првично беше погребан.
Според желбата на семејството на Синиша, а со одобрение на градоначалникот на Рим, тој сега вечно почива во Алејата на Великите на римските монументални гробишта Верано, која се наоѓа околу базиликата Сан Лоренцо и се смета за вистински музеј под отворено небо, со уметнички дела, а таму се погребани големи луѓе од различни религии.
Неговиот гроб се наоѓа на сончево место, опкружено со зеленило и рози, веднаш под палма. Над надгробната плоча има крст од погребот со името и презимето на фудбалерот на кирилица, а на него е поставен навивачки шал.
Но, како што напоменавме, покрај Синиша во семејната гробница на семејството Михајловиќ, почива и Доменико, таткото на неговата сопруга Аријана, кој почина во април минатата година.