Дино Мерлин, легендарниот музичар и пејач, вчера објави две нови песни! Едната се вика „Skoro će zima“, а другата ’Ne radujemo se‘.
Иако насловот на песната кажува нешто сосема спротивно – Не се радуваме – токму оваа песна предизвика вистинска радосна еуфорија, бидејќи тој ја пее во дует со феноменалниот Марко Луис!
„Драги пријатели, наскоро излегуваат две сестри убавици, две близначки. Една со Марко, една со мене. Секоја си ја раскажува својата приказна. Но, изгледа дека тоа е една приказна“, изјавил сараевскиот Волшебник вечерта на 17 ноември во видео објавено на социјалните мрежи.
И двете песни за само неколку минути на Јутјуб веќе имаа стотици прегледи, како и десетици коментари.
Дино Мерлин за четири дена ќе одржи четири концерти во белградската Старк Арена, првиот на 18 ноември, а го очекуваат четири концерти и во Загрепската Арена. Во Скопје, на наша огромна радост го очекуваме на 27 и 28 декември во арената Борис Трајковски.
За дочекот на 2024 овој легендарен музичар ќе настапи во Дубровник, во престижниот хотел „Риксос Преминум“.
Во продолжение, слушнете ги новите две песни – а потоа потсетете се и на неговите стари хитови кои ќе ви ја згреат душата и можеби вратат вербата во љубовта и едни поинакви времиња.