39-годишна Бугарка e убиена по напад со нож, објавија медиумите во Холандија. Станува збор за 39-годишната Саша Ненчева, која со години живее во странство со својата 15-годишна ќерка.
Жената, која е по потекло од Враца, била смртно избодена од нејзината сосетка во истата задруга, објавија локалните медиуми. Фаталниот инцидент се случил во местото Снек, во покраината Фризија.
На 30 април, кратко по 23:00 часот, Саша и нејзин пријател се скарале со сосетката. Вербалната расправија брзо прераснала во физичка пресметка во ходниците.
Според сведоштвата на сведоците, токму Бугарката држела нож во рацете. Сепак, ножот ѝ бил одземен и таа била смртоносно избодена од Холанѓанката.