69-годишен маж и неговата сопруга се одведени во затвор откако во саботата попладне во Агиа Варвара во соседна Грција признале дека го убиле нивниот 57-годишен зет.
Шеесет и деветгодишниот, кој се товари за кривично дело убиство со умисла, како и за носење и употреба на оружје, наводно при неговото изјаснување негирал дека го планирал делото против сопругот на неговата ќерка, додека наводно тврдел дека бил во „состојба на душевен бес додека жртвата го злоупотребувала“.
Сопругата на сторителот се соочува со обвинението за соучесништво во убиството. Таа наводно му рекла на судскиот службеник дека не биле во добри односи со нивниот зет бидејќи не биле задоволни ододредени однесувања.
Нивната ќерка и сопруга на жртвата сведочеше дека нејзината мајка преку домофон го охрабрувала татко ѝ да пука во нејзиниот сопруг викајќи „пукај го, пукај го“.
„Им се извинувам на моите внуци“
Впрочем, обвинетиот дедо за прв пат по злосторството им се извини на своите внуци: „Им се извинувам на моите внуци што им го одзедов таткото. Да можам да го вратам времето, не би го направил тоа“, наводно рекол 69-годишниот, според грчкиот медиум Стар.
„На денот на убиството пиев кафе на терасата од куќата. Јас и мојот зет се скаравме вербално кога тој влегуваше во куќата. Ми рече „Ќе те уништам, мртов си“. На задниот дел од куќата беше мојата сопруга, која го средуваше купувањето од супермаркетот. Отидов и ја извадив пушката од шкафот и трипати го застрелав. Карабината е со двоцевка. Пукав двапати, наполнив и пукав уште еднаш“, тврдел 69-годишниот според истите информации.