Познат адвокат брутално бил ликвидиран пред неговата канцеларија во деловниот центар на Рио де Жанеиро.
На страшната снимка се гледа како Родриго Марињо Креспо (42) ја напушта деловната зграда за да руча со својот внук, кога напаѓачот, кој носел дуксер со качулка и маска, пукал во него. Убиецот претходно излегол од белиот автомобил и испукал неколку куршуми кон адвокатот одзади, по што се наведнал над Креспо и пукал уште неколку пати.
Сведоците велат дека еден од осомничените го повикал Креспо по име пред да отвори оган. Властите го прегледале местото на злосторството и пронашле 11 чаури испукани од пиштол калибар 9 мм. Инспекторите проверуваат дали осомничените претходно го следеле Креспо.
Други снимки покажуваат дека болничари се обидуваат да го оживеат Креспо пред да биде прогласен за мртов. Засега нема уапсени.
Креспо претходно го практикуваше граѓанското деловно право и застапуваше клиенти кои беа жртви на шеми за криптовалути.
Локалниот весник „Метрополис“ објави дека во 2022 година, Креспо ја презел одбраната на колегата адвокат Вилер Томаз во спорот околу сопственоста на вилата вредна два милиони долари, која ја купил бразилската фудбалска ѕвезда и напаѓач на Тотенхем, Ричарлисон.