СВР Скопје поднесе пријава против 76-годишниот Д.К. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
„Полициски службеници на 12.04.2022, извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле 24 куршуми, девет рамки од разно огнено оружје, еден револвер „Застава“ R44 без цевка со дрвена рачка и др.“, се вели во полициското соопштение.
Пензионерот добил соодветна пријава за прекршокот, додаваат од МВР.