Саша Поповиќ одлучил парите заработени од продажбата на Гранд продукција да ги вложи исклучиво во луксузни недвижнини, јахти и автомобили. Креативниот директор пред неколку дена купил нов автомобил – „Maybach GLS“, за што дал 300.000 евра, пишува српски Курир.

Поранешниот сопственик на Гранд максимално ужива во заслужената пензија и ја исполнува секоја своја желба. Овој пат Поповиќ се почасти со луксузен, но сепак половен автомобил, за кој искеширал неверојатни 300.000 евра.

Тој го посетил саемот

– Според нашиот извор, Саша веќе некое време го меркал овој автомобил, чиј нов модел достигнува цена од дури еден милион евра. Сепак, тој ја искористи можноста да го посети саемот за половни автомобили што се одржа минатиот викенд и го најде својот нов миленик. Станува збор за „Maybach GLS“, луксузен и удобен џип за кој Поповиќ не зажалил за парите. Како што вели нашиот извор близок до креативниот директор на Гранд, му го донеле автомобилот на проба, по што дефинитивно решил да го купи. Се работи за модел од фотографијата, во црвена боја и со бели кожни седишта, пишува српски Курир.

Логично е вакво возило да ги има сите можни функции, луксузна опрема, амбиентално осветлување. Интересно е што сите четири седишта во автомобилот имаат потпирачи за раце, можност за греење и ладење, како и функција за масажа со топли камења. Според соговорникот, кожните седишта можат да се наместат и во лежечка положба, имаат широк потпирач за нозе, а пред задните има два екрани на допир.

Бидејќи автомобилот е прилично висок, на влезот, пред вратата има и електрични скали кои го креваат возачот или совозачот за полесно да се влезе. А звучниот систем во овој луксуз не е ништо помалку од одличен, па затоа има 3D сараунд систем со 26 звучници. Има и простор за разладување на пијалоци со сребрени чаши за шампањ, како и патен компјутер, кожен волан… Автомобилот има и затемнети стакла, гласовни контроли, панорамски покрив, електрични и склопувачки ретровизори, греалки, светлосни сензори, сензори за дожд…

Колекционер

Инаку, висока е и цената за регистрација на овој „ѕвер“ на четири тркала. Според податоците на еден сајт за автомобили, таа изнесува меѓу 270 и 280 илјади динари (околу 2.300 евра).

Да потсетиме, Поповиќ е голем љубител на луксузни автомобили и поседува голема колекција од нив. Покрај „смартот“ за градско возење, поседува и BMW i8, кој го платил 150.000 евра, „мерцедес ГЛ 350“ (67.000 евра), „мерцедес МЛ 320“, како и два електрични автомобили БМВ, со вкупна вредност близу 200.000 евра.

Не е чудно што Поповиќ купи уште еден во низата миленици, со оглед на тоа што тој и Брена неодамна и официјално го продадоа Гранд за, како што пишуваа медиумите, 30 милиони евра. Тоа значи дека секој од нив ставил по 15 милиони во џебот, па овие автомобили за него се вистинска ситница.