Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ (59) имаше ноќно излегување со поранешната пејачка на групата „Колонија“, Индира Левак (48), објави Блиц.рс.

Ја слушаше како пее од првите редови, а во јавноста се појавија моментите кога двајцата се гушкаа и бакнуваа во текот на вечерта, додека таа денеска се огласи на социјалните мрежи и сподели две заеднички фотографии, пишува Блиц.рс.

– Има ли поголема чест отколку кога претседател на држава доаѓа на вашиот концерт. Почестена сум и благодарна што 26 години ширам љубов и пеам на најдобрата публика во светот. Луѓе мои, ви благодарам за концертот за паметење – наведе таа.

📸