Некогашната фолк пејачка Адријана Алачки имаме прилика да ја гледаме како ТВ водителка и главна готвачка во емисијата „Вкусот на традицијата“, а често е активна и на Фејсбук.
Таа на социјалните мрежи често знае да сподели фотографии, некогаш со својата внука и ќерка или синот, а некогаш и професионални, додека е во работна атмосфера.
Но, на нејзиниот времеплов може и видиме и фотографии кои ги објавиле нејзините пријатели.
Така, беше и неодамна, кога се појавија ретро фотографии од неа, на кои многумина сигурно не би ја препознале.
Имено, на нејзиниот Фејсбук се појавија фотографии на која пејачката и ТВ водителка е облечена во народна носија и на која таа игра оро, односно таа е ороводец.
Фотографијата е од пред 34 години, односно од 1984 кога Алачки со своето културно уметничко друштво била на турнеја во Канада.
Оваа фотографија, разбуди многу спомени кај македонската водителка, а еве како изгледала Алачки како играорка.